Патниот транспорт е важен предуслов за успешна работа кај сите индустриски гранки кои своите производи и репроматријали ги транспортираат по копнен пат. Затоа за сите компании кои имаат потреба од патен транспорт е многу важно да имаат сериозен шпедитер кој ќе ги задоволи нивните потреби во транспортот. На полето на транспортот Беташпед има потенцијали кои можат да ги задоволат вашите барања без разлика на дестинацијата и големината на стоката.

За нашата успешност на полето на транспортот потврда се сите транспорти извршени од нашата компанија. Конкурентните цени за сите дестинации кон и од Македонија ни ја овозможуваат широката мрежа на партнери што ја имаме. Сите стоки се транспортирани со CMR осигурување но вашата стока можеме на ваше барање дополнително да ја осигураме кај реномирани осигурителни компании против сите ризици.

Исто така поседуваме возила со дозволи за транспорт на стока и од трети земји. Можеме да извршиме транспорт за било која дестинација во Европа од Грција, Бугарија, Турција, Македонија, Косово, Србија, Црна Гора, Унгарија, Хрватска, Словенија. Без оглед на количината на вашата стока, дали е цел утовар или денчана пратка Беташпед ќе ги задоволи вашите барања.

Доколку ви треба локален транспорт и помало возило, се разбира и тие транспорти ќе бидат решени на ваше задоволство.

 

Патна инфраструктура:

- патна мрежа -вкупна должина : 8,530 km
- магистрални патишта : 830 km
- регионални патишта : 2,890 km
- локални патишта : 4,811 km
- должина на автопат : 137 km
- должина на меѓународни "Е" патишта : 585 km