Ги задоволуваме барањата на нашите клиенти за транспортот до сите дестинации во светот. Нашите клиенти добиваат навремени информации околу евентуалните измени во позитивните законски прописи поврзани со транспортот на стоки, извозот и увозот со што без проблем ги извршуваат своите производно-трговски дејности. Во исполнување на барањата и потребите на нашите клиенти, логистичката подршка добиениа од Беташпед секогаш е навремена и точна. Клиентите кои ги користат нашите услуги секогаш се задоволни од извршената услуга и пратките навремено стигаат до своите дестинации.

Следејќи ги трендовите во овој бизнис, како и глобализацијата во трговијата, ги проширивме нашите активности и денеска работиме како мегународен агент способен и спремен д обезбеди комплетен пакет на логистички услуги.

Ние сме секогаш во тек со евентуалните измени на законските прописи и истите и веднаш ги применуваме, а воедно за своите клиенти даваме навремени информации.

Кога планирате било што да увезете или извезеде од Македонија, не заборавајте да се консултирате со нас. Ние ќе Ве информираме за сите процедури врзани за Вашиот транспорт и која е најоптималната варијанта за негово спроведување.

Политиката на нашата фирма е да се залагаме и држиме за секој наш клиент, и сите нивни транспорти и проекти се подеднакво важни за нас. Нашите клиенти се наши партнери бидејки сме цврсто уверени дека успешната работа а со тоа и зголемувањето на производството и трговијата дирекно влијае на обемот на работа. Базирањето на долгорочни соработки секогаш резултира со максимална ефикасност во работата, па затоа нашите клиенти тешко се откажуваат од нашите услуги.