Беташпед за потребите на своите клиенти организира железнички транспорт за сите видови на стока од и за Македонија. Царинењето се врши во CI Трубарево Скопје. Доколку сакате да добиете информации за цените во транспортот потребни се следните податоци: вид на стока, царински тарифен број, станица на утовар и истовар, транспортен пат-рута на стоката. Железничката мрежа на Македонски Железници има должина од 925km. Целата мрежа е со единечни колосеци од кои 233km се електрични. Главната линија е коридорот Н додека другите лини се главно споредни кои немаат големо меѓународно значење.

Железничка инфраструктура:

- пруги-градежна должина : 925 km
- индустриски колосеци : 102 km
- колосек на пругите-ширина : 1,435 mm
- отворени електрифицирани пруги-должина : 233 km
- електрифицирани станични колосеци-должина : 83 km
- железнички станици-број : 117

Табановце - Гевгелија преку Скопје и Велес е главната лнија која на југ продолжува кон Солун и Атина а на север кон Белград, Будимпешта, Загреб и Љубљана. Линијата е електрифицирана и е прва што е конструирана во Македонија, поточно во 1873 со цел да ги поврзува Скопје и Солун. Подоцна истата се продолжува и надоградува кон север и во други правци. Дозволената брзина на движење северно од Скопје е 110/130 km/час додека јужно од Скопје е 100 km/час освен на неки делови каде заради конфигурацијата на теренот дозволената брзина изнесува 65/70 km/час.

Ѓорче Петров - Кичево преку Тетово и Гостивар кон запад, е изградена 1952-69 и истата завршува во западниот дел на Македонија поточно на 60km од Албанија. Пругата има добри карактеристики.

Скопје - Блаце на север која води кон Приштина и е поврзана со мрежите во Србија и Црна Гора.

Велес - Битола Меџитлија на југ која продолжува кон Грција и грчката мрежа на железница. Истата е изградена и пуштена во употреба 1939 година.

Куманово - Бељаковце на исток која е во фаза на изградба. Првата фаза е поврзување со Бугарската железничка мрежа до Жуешево каде градежните работи се во завршна фаза.

Товарни станици во Македонија има во следните места: Гевгелија, Неготино Вардар, Миравци, Градско, Велес, Битола, Прилеп, Штип, Кочани, Овче Поле, Куманово, Миладиновци, Скопје, Скопје Товарна, Скопје Југ, Волково, Јагуновце, Тетово, Гостивар, Кичево.