Претпријатието “Беташпед“ е основано во 1992 година и е меѓу првите создадени приватни шпедитерски фирми во Македонија. Ние се гордееме со својата континуирана, долгогодишна и успешна работа. Дејноста на претпријатието подразбира обавување на сите фукции во областа на меѓународната шпедиција како царинење на стоки за увоз, извоз или реекспорт, сите видови на транспорт на стоки како и складирање под царински надзор.

УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ И ИЗВРШУВА ФИРМАТА:

- Организирање на секако вид на транспорт во било кој дел од Европа и светот: камионски, авионски, контејнерски, железнички, денчан транспорт, итн.;
- Царинење на стоки во ЦИ Скопје 1, ЦИ Скопје 2, ЦИ Скопје 3, ЦИ Аеродром, ЦИ Трубарево, ЦИ Пошта, ЦИ Блаце Стоково Царинење;
- Складирање на неоцаринета стока во јавни царински складишта;
- Складирање;
- Обезбедување на санитарна, пазарна и фитопатолошка согласност;
- Подготовка на целокупна документација потребна за увоз или извоз на стоки,
- Логистичка подршка околу постапките за редовен, привремен, увоз или извоз, ре-експорт, логистичка подршка за вадење решенија и согласност за соодветните министерства или институции кои се задолжени за регулирање на правото на увоз или извоз.

Ги задоволуваме барањата на нашите клиенти за транспортот до сите дестинации во светот. Нашите клиенти добиваат навремени информации околу евентуалните измени во позитивните законски прописи поврзани со транспортот на стоки, извозот и увозот со што без проблем ги извршуваат своите производно-трговски дејности. Во исполнување на барањата и потребите на нашите клиенти, логистичката подршка добиениа од Беташпед секогаш е навремена и точна. Клиентите кои ги користат нашите услуги секогаш се задоволни од извршената услуга и пратките навремено стигаат до своите дестинации.

Следејќи ги трендовите во овој бизнис, како и глобализацијата во трговијата, ги проширивме нашите активности и денеска работиме како мегународен агент способен и спремен д обезбеди комплетен пакет на логистички услуги.

Ние сме секогаш во тек со евентуалните измени на законските прописи и истите и веднаш ги применуваме, а воедно за своите клиенти даваме навремени информации.

Кога планирате било што да увезете или извезеде од Македонија, не заборавајте да се консултирате со нас. Ние ќе Ве информираме за сите процедури врзани за Вашиот транспорт и која е најоптималната варијанта за негово спроведување.

Политиката на нашата фирма е да се залагаме и држиме за секој наш клиент, и сите нивни транспорти и проекти се подеднакво важни за нас. Нашите клиенти се наши партнери бидејки сме цврсто уверени дека успешната работа а со тоа и зголемувањето на производството и трговијата дирекно влијае на обемот на работа. Базирањето на долгорочни соработки секогаш резултира со максимална ефикасност во работата, па затоа нашите клиенти тешко се откажуваат од нашите услуги.

Логистиката се карактеризира со постојани и брзи промени, значи од примарна важност е Вашиот избран агент да биде флексибилен и економски ефектен, а истовремено да одржува високи стандарди на услугите. Беташпед се одвојува од типичната рамка на услуги кои ги нудат стандардните шпедитери. Денешните софистицирани и комплексни проекти од нашите клиенти, едноставно не принудија секогаш да бидеме чекор напред и да истражуваме за иновативни можности како да се рационализира времето на клиентите и нивните пари.

Наша одговорност е не само да Ви го обезбедиме трансрпотот и доставата на стока, но исто така и да Ви обезбедиме најекономични рути и услуги. Се разбира, сето тоа е невозможно да го обезбедиме сами. Внимателно ги избираме нашите агенти низ светот, се со цел да ги задоволиме очекувањата на нашите клиенти и да им понудиме стандардно ниво на услуги како во местото на поаѓање така и во местото на пристигнување.

Во 2011 се преселивме во нашиот нов логистички центар во индустриска зона Илинден.

Новите предизвици за нас се добродојдени, тие ни овозможуваат да ги демонстрираме нашите капацитети и стручност

СЕ ПРЕПОРАЧУВАМЕ КАКО ВАШ ИДЕН ПАРТНЕР ЗА ЛОГИСТИЧКА ПОДРШКА ПРИ ШПЕДИЦИЈА!