Македонија, со својата одлична местоположба, е сместена во југо - источниот дел на Европа, во срцето на Балканот. Површина: 25.713 км2, популација: 2.015.000 жители.

Главен град е Скопје. Богата со многу шуми, езера и агрокултурни полиња. Најдолгата река во Македонија е Вардар со своите 388км од кои 301км се во Македонија. Поголемиот дел од езерата се прогласени за национално богатство. Летниот период езерата Охрид, Преспа, Дојран привлекуваат голем број на луѓе. Но не само летата се интересни, оваа мала земја може да го направи вашето зимо незаборавно искуство. Пелистер, Шар Планина, Маврово и Бистра се дел од местата кои се неизбежни за посета во зимскиот период. Високо рангираните хотели, ски патеките и др. се вистински предизвик за секој љубител на скијачките спортови.

Македонија е ризница на културни богатства. Еден од позначајните факти е тоа што Кириличната азбука е родена во Македонија. Земјата е родно место на најголемите просветители Кирил и Методи како и на Климент и Наум – луѓе кои жимаат имале важна улога во ширењето на Христијанството. Македонските градители и мајстори за мозаик блескале како светла ѕвезда во мрачниот период од Европсикоиот културен игумент па се до периодот на Ренесансата.